Курти тврди дека Белград сака да го дестабилизира Косово, Србите го повикаа да не ги нарекува криминалци

t

Нема помоќни поединци или групи од државата. Ние не ги разликуваме криминалците по етничка припадност, туку врз основа на незаконски дејствија, рече Курти, пренесуваат приштинските медиуми.

На изјавите на косовоскиот премиер реагираше директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, кој на Твитер напиша дека најголемиот проблем на Курти е што секој Србин на северот на Косово го нарекува криминалец, истакнувајќи дека тоа доволно говори за неговата омраза кон српскиот народ.

Косовоскиот премиер, денеска изјави дека Белград сака да го дестабилизира Косово и дека ситуацијата на северот е „загрозена од криминализирани поединци и групи“.

Тој повторно ги повика Србите да не ги напуштаат институциите на Косово.

Курти најави дека имал добар разговор со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Јосеп Борел и дека го информирал дека досега се изречени 843 опомени на возачи на автомобили со српски регистарски таблички, без никакви инциденти или жалби.

Додека Србите на северот на Косово протестираа, Курти престојуваше во Призрен, од каде порача дека не може да се загрози законитоста и уставноста на Косово.

„Нема помоќни поединци или групи од државата. Ние не ги разликуваме криминалците по етничка припадност, туку врз основа на незаконски дејствија“, рече Курти, пренесуваат медиумите во Приштина.

Тој ги повика граѓаните на северот на Косово да не ги напуштаат институциите и да не поднесуваат оставки бидејќи, како што додаде Курти, на овој начин се ослабуваат услугите на граѓаните.

„Тие немаат никаков притисок од нас, туку љубезни апели. Притисокот доаѓа од Белград, кој сака да го дестабилизира Косово“, рече Курти.

Косовскиот премиер тврди дека Србија не сака конструктивно да се вклучи во дијалог и го избрала овој пат.

На изјавите на косовоскиот премиер реагираше директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, кој на Твитер напиша дека најголемиот проблем на Курти е што секој Србин на северот на Косово го нарекува криминалец, истакнувајќи дека тоа доволно говори за неговата омраза кон српскиот народ.

„Над 10 000 луѓе на протестот денеска кажаа – „не“ на беззаконието на Курти и газењето на договорот. Албин Курти научи да не ги нарекуваш Србите криминалци!“, напиша Петковиќ.

Реагирајќи на тврдењето на шефот на кабинет на преседателката на Косово, Блерим Вела, дека локалните Срби масовно не се приклучиле на протестот во Косовска Митровица, Петковиќ посочи дека целата пропаганда на Вела е негов залуден обид да го скрие фактот дека денешниот митинг во Косовска Митровица бил величенствен.

„Србите денеска на сите им ставија до знаење дека не ја сакаат лажната држава на Курти на север“, напиша Петковиќ.

Петковиќ објави и фотографии од денешната средба во северниот дел на Косовска Митровица, додавајќи дека фотографиите ги демантираат сите лаги и пропаганда на Вела.

Денеска во северниот дел на Косовска Митровица се одржа протестен митинг на косовоските Срби, откако вчера нивните претставници ги напуштија институциите поради револт кон косовските власти за пререгистрација на возилата со српски таблички на северот на Косово.

Протестот помина без инциденти, но РТС јави дека група Албанци во населбата Бошњачко маало поставиле албански знамиња.

На собирот се обратија неколкумина сегашни и поранешни политички чинители на Косово. Претседателот на Српска листа, Горан Ракиќ рече дека мандатот го враќаат на српскиот народ кој ги избрал, а не на Приштина. Рече дека во Северна Митровица собирот има за цел да испрати јасна порака дека е доста од „шиканирање“ од страна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Карлсон: Војната со Иран би значела крај…

Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…

Пристигнаа компресивните костуми за повредените во Кочани

Организацијата „Супорт Кочани“ денеска ја презеде првата…

Трамп: Иран требаше порано да преговара

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави на…

Се урна стар мост во Индија, има…

Четири лица загинаа, а 51 се повредени…

Луке Галески стана член на Надзорниот одбор…

Луке Галески, дел од Извршниот комитет на…