АЛБАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ БЕГАЈ Е ЗАГРИЖЕН ЗА СОСТОЈБАТА НА КОСОВО!

t

Албанскиот претседател Бајрам Бегај оствари телефонски разговор со неговата косовска колешка Вјоса Османи за „тензичната состојба на северот на Косово“.

Бегај во објава на Фејсбук напиша дека со Османи разговарале и за оставките на претставниците на Српската листа од државните институции во Косово и за блокирање на нивното работење.

– На претседателката Османи и ја изразив мојата загриженост и истовремено го охрабрив продолжувањето на дијалогот меѓу страните, имајќи го предвид зачувувањето на мирот и стабилноста, како и територијалниот интегритет на Косово гарантиран од НАТО, напиша Бегај.

Тој нагласува дека останува голем интересот за евроатлантските интеграции на Косово и на целиот регион на Западен Балкан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хеликоптер слета среде полна плажа во Грција:…

Хеликоптер денеска слета на плажа полна со…

Уапсен Македонец во Прибој: Подготвувал ликвидација за…

Припадници на Министерството за внатрешни работи на…

Полски аплинист падна во недостапен предел на…

Голема спасувачка операција започна денес откако полски…

Пожарот кај Струмица ставен под контрола, огнот…

Големиот пожар што избувна денеска околу пладне…

Италија со нов систем за пресметка на…

Возачите што патуваат низ Италија би можеле…