(Видео) Димитриевски за Пендаровски: Кога некој врховен командант се срами да каже дека тоа е македонски народ, тогаш треба да се постави прашање зошто сме го поддржале?
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 коментираше изјава на претседателот Стево Пендаровски каде истакнал „народот на Северна Македонија“.
„Не народот, туку граѓаните кои што живеат таму. Тоа е срамна фраза да излезе од устата на еден претседател на држава кој што граѓаните го имаат бирано. Кога некој кој е врховен командант се срами да каже дека тоа е македонски народ и сите останати народи кои што живеат во оваа држава, тогаш треба да се постави под знак прашање зошто сме го поддржале тој човек да ни биде врховен командант?“, вели Димитриевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Светско признание за „Безбеден град“ – Тошковски…
Македонскиот проект за унапредување на сообраќајната безбедност…
Почна вакцинацијата на овците и козите против…
Масовната вакцинација на овците и козите против…
Изградивме блиски врски со грчката полиција, заедно…
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар…
Голема акција на МВР во Макстил!
Екипи на МВР по наредба за Основното…
Мајка си го продала бебето во Грција,…
Две жени во Грција се соочуваат со…