Тирана загрижена за состојбата на северот на Косово
Официјална Тирана изразува загриженост за затегнатата ситуација во Косово и оценува дека дијалогот е поважен од кога било.
Министерката за Европа и надворешни работи Олта Џачка, синоќа преку објава на Твитер изрази загриженост за случувањата на северот на Косово, притоа истакнувајќи дека ” напуштањето на институциите на Косово е чин на ескалација, во време кога е потребна соработка и конструктивен дијалог”.
„Загрижени од случувањата на северот на Косово. Повлекувањето од косовските институции е чин на ескалација, во време кога е потребна соработка и конструктивен дијалог. Ова не е моментот за откажување и бојкот. Ова е момент кога дијалогот е потребен повеќе од кога било“, напиша Џачка на Твитер.
Вчера телефонски разговор остварил претседателот Бајрам Бегај со неговата косовска колешка Вјоса Османи.
-И ја изразив мојата загриженост и истовремено го охрабрив продолжувањето на дијалогот меѓу страните, имајќи го предвид зачувувањето на мирот и стабилноста, како и територијалниот интегритет на Косово гарантиран од НАТО, напиша Бегај.
Тој нагласува дека “останува голем интересот за евроатлантските интеграции на Косово и на целиот регион на Западен Балкан”
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија економски…
По една година од новата влада, состојбата…
Брлогот со емотивен статус за неговата внука…
За мојата внука Моника... Внуката што со…
Влен се пофали правеле „револуција“ во јавната…
Владата предводена од коалицијата ВЛЕН докажува дека…
Се огласи врховниот лидер на Иран: Ционистичкиот…
Додека светот ја чека најавената иранска одмазда…
Брнабиќ за извозот на оружје во Израел:…
Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ…