АСНОМ-ски темели ШТО?! Македонија гласаше ПРОТИВ резолуцијата „Борба против глорификацијата на нацизмот” во ОН!
Третиот комитет на Генералното собрание на ОН, пред неколку денови ја усвои руската нацрт-резолуција „Борба против глорификацијата на нацизмот, неонацизмот и другите практики кои придонесуваат за ескалација на современите облици на расизам, расна дискриминација, ксенофобија и поврзана нетолеранција“.
Меѓу коавторите на документот се Азербејџан, Белорусија, Венецуела, Виетнам, Камбоџа, Северна Кореја, Куба, Лаос, Мали, Никарагва, Пакистан, Сирија, Судан, Централноафриканската Република, Екваторијална Гвинеја и Јужна Африка.
Резолуцијата препорачува земјите да преземат соодветни конкретни мерки, „вклучително и во законодавната и образовната област“, за да се спречи ревизијата на историјата и резултатите од Втората светска војна и „негирањето на злосторствата против човештвото и воените злосторства извршени за време на Втората светска војна“.
ЗА документот гласаа 105 држави, 52 беа против, 15 беа воздржани.
Тоа што загрижува и е СРАМ за држава која е градена, меѓу другото и врз темелите на антифашистичката борба, е што Македонија гласаше ПРОТИВ оваа нацрт-резолуција.
Отварањето на бугарските клубови со имиња на фашисти и нацисти, кои сега ќе треба да ги променат имињата, предизвика бурни реакции во македонската јавност, особено меѓу Македонците кои се присетија дека истите ликови кои сега се слават од страна на “македонските Бугари” тогаш ги убиваа нашите предци на најнечовечки, мизерен и ѕверски начин.
Се поставува прашањето ЗОШТО македонската Влада не го слуша гласот на народот и не поддржа гласање на оваа нацрт-резолуција, која и онака беше поддржана од мнозинството држави!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…