(Видео) Тачи: Лидерската е за уставните измени, се надеваме дека ќе постигнеме договор за промена на Уставот!
Мислам дека се работи за уставните промени, за деблокирање на процесот на интеграција на Макеоднија. Се надевам со добра дијалог ќе постигнеме договор, друг пат и друг начин немаме да го деблокираме интеграцискиот процес, рече пред почетокот на денешната лидерска средба лидерот на ДПА, Мендух Тачи кој додаде дека не е моментот да се поставуваат услови за поддршка на уставните измени.
– Многу е лошо кога книгата што вие ја пишувавте ќе ја предава некој друг, тоа е крадење на платформа и идеја, мислам дека е време веќе јавно да се разговара за идентитетот на албанците да станат дел од правните норми на државата. Мислам дека не е моментот за услови и уцени, вели Тачи кој додаде дека тие немаат услови за да поддржат промена на Уставот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Тачи: Бугарите ќе бидат трети по…
Претседателот на ДПА, Мендух Тачи синоќа во…