Нови детали од лидерската: ГРОМ е против уставни измени

t

Според ексклузивните информации на Инфомакс од лидерската средба уставните измени ќе се случат во период од 4 до 5 месеци.

На средбата најпрво се разговарало за координација и деблокирање на процесот на носење на закони потребни за подобрување на условите за нови инвестиции во енергетиката.

Веднаш потоа се разговарало за уставните измени за кои временска рамка дал претседателот на Собранието, Талат Џафери кој побарал истите да се случат во наредните 5 месеци.

Прв на темата уставни измени проговорел Павле Трајанов кој за својата поддршка побарал реципроцитет во соседна Бугарија, односно бара да се признаат правата на Македонците во Бугарија за да гласа за уставните измени.

Претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски истакнал дека е против уставните измени бидејќи со тоа се јакне бугарскиот елемент во Македонија и се слабее позицијата на македонскиот народ.

Тој напоменал дека ова нема да биде крај на бугарските барања. Според Јакимовски следното барање на Бугарите ќе се однесува на 120 илјади Македонци со бугарско државјанство и токму поради оваа причина лидерот на ГРОМ е против внесување на Бугарите во Уставот.

Претседателот на Алијанса на Албанците, Арбан Таравари го повторил условот за гласање на уставните измени, односно дека неговата партија ќе даде поддршка само ако се отстрани формулацијата 20 проценти од македонскиот Устав.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пожари и натаму беснеат во пет општини…

Пожари и денеска се активни во пет…

Пополека ја губиме војната, има уште неколку…

Украина се чини дека полека ја губи…

Биткоинот повторно отиде над 80.000 долари

Биткоинот скокна над 80.000 долари во вторник,…

Андоновски: Нема да дозволиме матни тендери по…

СДСМ и Венко Филипче ќе бидат против…

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини,…

Сите мини во меѓународните води на Ормуска…