(Видео) ,,Во Украина треба да бидат испратени помладите момчиња, бидејќи мажите над 40 години се нездрави поради постојаното консумирање алкохол”

t

Рускиот автор Дмитриј Пучков, во гостување во радиото „Комсомолскаја Правда“, изјави дека на бојното поле во Украина треба да бидат испратени помладите момчиња, бидејќи мажите над 40 години се нездрави поради постојаното консумирање алкохол.

За време на разговорот со Иван Панкин, водителот од „Комсомолскаја Правда“, Пучков рече дека составот на руската армија ќе мора да се ревидира, пишува „Newsweek“.

Пучков смета дека помладите мажи треба да се обучуваат бидат обучени и да одат во војната, бидејќи така руската влада ќе скрати и на трошоци за компензација за толку многу вдовици. Пучков, познат и под прекарот Гоблин, е преведувач на филмови и видео игри од англиски на руски, автор и сценарист.

„Наместо 40-годишник со високо образование, со работа, жена и три деца, во војна да се испратат обучени 18-годишници. Поради ова, државата не би морала да им плаќа отштета на вдовиците и на децата. Колку и да звучи цинично, 18-годишниците се тие кои треба да војуваат. Дали граѓаните на Русија имаат претстава за физичката состојба на 40 или 50-годишните Руси? Можат ли да трчаат, да скокаат, да спиејат на ладна земја? Каква им е простатата? Какви им се бубрезите по постојано консумирање алкохол? Децата треба да служат војска, по две години ќе учествуваат во битките Само така – изјави Пучков во радио емисијата.

Според проценките на украинските власти, од почетокот на војната, или како што Русија тврди, инвазијата на Украина, од 24 февруари досега загинале околу 70.250 руски војници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…

„Вината за Кочани е во врвот на…

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…

Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…

(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава

Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…

„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски:…

Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија…