(Видео) МИЗЕРИЈА и ЖАЛНО: Пациенти од онкологија тврдат дека немаат терапија!

t

Вака педесет и двегодишната скопјанка Лидија Стефановска за Канал 5 раскажува за она што се случува на Клиниката за Онкологија, откако два месеци, како што вели, нема терапија.

Таа веќе пет години е онколошки пациент, првично дијагностицирана со рак на дојка, а сега на коските.

Лидија не е единствената пациентка која не добила терапија, таков е случајот и со Тереза Балаловска која вели дека проблем има и со термини за контроли и снимања.

Дополнителнителна мака и стрес имаат пациентите од внатрешноста кои поради тоа што центрите во нивните градови не работат мора да патуваат до Скопје. Кога конечно ќе ги поминам контролите и ќе дојдам на ред, ми велат „за џебе дојде“ , објаснува Сунчица Димитровска.

Дел од пациентите на Онкологија кои ги контактиравме велат дека се задоволни од лекарите, но не и од условите и начинот на организација за прегледи и терапии, бараат државата да им обезбеди навремени терапии, оти како што велат „секој има право на лек“.

Последните информации од Онкологија се дека ги имало сите лекови од позитивната листа за пациентите со онколошки заболувања, а само четири од биолошките лекови недостасувале, ама набрзо ќе ги имало, оти, завршена била постапката.

Извор: kanal5

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кинеските технолошки гиганти нарачале чипови од „Нвидиа“…

„БајтДенс“, „Алибаба“ и „Тенсент“ нарачале повеќе од…

Италија испраќа 500 војници во Милано по…

Италијанските власти планираат распоредување 500 војници во…

Вашингтон го отстранува DeepSeek од државните системи:…

Американското Министерство за домашна безбедност нареди отстранување…

САД ѝ се заканија на ЕУ со…

Американскиот амбасадор во Европската Унија, Ендрју Паздер,…

Турција го испрати во парламент одбранбениот пакт…

Турција го доставила на парламентарна ратификација одбранбениот…