Нели требаше на наша граница да чекаат инвеститори?! Германска компанија инвестира над милијарда евра во Бугарија!
Германска компанија пројави интерес за инвестиција од над 1 милијарда евра во регионот на северозападна Бугарија. Ова стана јасно на денешната средба на министерот за економија и индустрија на Бугарија,Никола Стојанов и менаџментот на Profine Energy GmbH. Ова би била најголемата еднократна инвестиција направена во историјата на бугарската економија, јавуваат бугарските медиуми.
„Можете да сметате на целосна поддршка од државата за забрзување на административните процедури за реализација на инвестициските намери“, нагласи министерот Стојанов. Тој ги претстави можностите за стимулативни мерки кои инвеститорот може да ги искористи. „Знам дека веќе сте во контакт со многу германски компании кои ја избраа Бугарија. Сигурен сум дека и од нив ќе се уверите – германскиот бизнис се чувствува добро кај нас и голем број компании планираат нови проширувања“, нагласи Никола Стојанов.
Германската компанија е во многу напредна фаза на донесување одлука за инвестирање во Бугарија. Започна и подготовката на Меморандум, во кој Profine Energy писмено ќе пројави интерес за инвестицијата.
Profine Energy GmbH е заедничко вложување помеѓу Profine Group, Германија и Wirth Group, Германија. Имаат инвестициски интереси во областа на производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија. Во моментов е во тек основањето на подружница на германската компанија според бугарското законодавство. Нејзината цел е развој и последователна имплементација на фотоволтаични централи во Бугарија, нагласија претставниците на компанијата, цитирани од Министерството за економија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита…
Политиката се темели на разговори. Јас сум…
СОСЕДИТЕ ПРОФИТИРААТ ИАКО РУДАРСТВОТО ИМ СТАГНИРА –…
Бугарија минатата 2025 година произвела руда во…
ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции, нови фабрики и илјадници…
Со нови проекти, нови производствени капацитети и…
Минималната плата во Бугарија во 2027 година…
Минималната плата во Бугарија за 2027 година…
Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради…
Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони…