(Фото) Арсовска: Скопје има потенцијал да стане зелен рај! Реализиравме двојно повеќе проекти од претходно!
Градот Скопје има потенцијал да прерасне во зелен рај, со реализација на мега парковите, нови зелени површини и садници, реконструкции и одржување на постоечкото зеленило и заштита на Водно, зелениот штит на градот. Заштитата и зачувување на животната средина значително ќе придонесе за повисок квалитет на живот во нашето Скопје, вели градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
– Затоа оваа година реализиравме двојно повеќе од претходно:
38.539 м2 нови зелени површини
76.769 м2 реконструкција на постоечко зеленило
724.480 листопадни, зимзелени дрвја и садници и нов сезонски насад
На 10 паркови локации поставени нови елементи од дрво, видиковци и реквизити изработени од природни материјали, паркови за миленици, реквизити за деца
Имплементирани активности во согласност со Посебниот план за заштита и уредување на Парк шума Водно
За прв пат по цела деценија темелно чистење и партерно уредување на 126.000 м2 на кејот на Вардар
Ја отпочнавме изградбата на првиот Мега Парк Даме Груев во општина Ѓорче Петров
Продолжуваме посветено за поубав град за сите нас, напиша Арсовска на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…