Ново велепредавство на повидок: Исполнување на „европските услови“ е само увертира во широката предавничка коалиција
Ново велепредавство е на повидок, велат од Левица во врска со денешната лидерска средба во Собранието на РМ.
– Денешната фарса, наречена ‘лидерска средба’, конечно ги обелодени испреплетените интереси на лажната опозиција и предавничката власт.
На иста маса се најдоа структурите кои три децении обединето ја водат Република Македонија кон статусот на ‘неуспешна држава’ која не може да ги исполнува основните функции на сопствениот суверенитет.
Дијалогот помеѓу лидерите кои ги добиваат своите задачи од ист извор – првично, ја поткопува демократија и се обидува да ја легитимира авторитарната власт, за потоа да створи привид на консензус – иако партиите заеднички одработуваат на штета на државата.
Имајќи ги во предвид последните неколку годинни, станува јасно дека т.н. лидерски средби, заобиколувајќи ги институциите на политичкиот систем, израснаа во централна институција која ја крои субдината на македонскиот народ, далеку од неговите очи и спротивно на неговата волја.
Лажната итност за исполнување на „европските услови“ е само увертира во широката предавничка коалиција, која предвремените парламентарни избори не ги смета за сходни за излез од политичката и државничка криза.
Оттука, Левица смета дека беспредметно е да се учествува на лидерска средба за прашања за кои македонскиот народ веќе го искажа својот став на референдумот за Преспанскиот договор како и со масовните протести против договорот со Бугарија, за кој во Собранито има и иницијатива за референдум кој власта го саботира, реагираат од Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица поднесе законски измени за 50 годишна…
Левица поднесе законски измени за 50 годишна…
Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…
Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…
Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…
Левица е на местото каде велешкиот комунист…
Левица и Апасиев му честитаа победа на…
Левица и претседателот на Партијата проф. д-р…
Невидена криза за студентски легла – Мециновиќ…
По информацијата за само 2 583 студентски…