Објавено на:

(Видео) Веќе НЕ Е СМЕШНО! Нов “гаф” на Бајден: Газам по…

t

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, говорејќи на политичкиот собир за поддршка на гувернерот на државата Њујорк пред претстојните меѓуизбори, во еден од аудиториумите на колеџот „Сара Лоренс“, се сопна преку жица која се наоѓаше веднаш до говорницата, пишува The Telegraph.

„Упс, газам по… еве го… црно е. Како и да е“, рече 79-годишниот Бајден, на што собраните на митингот се насмеаа. Американскиот претседател брзо се опорави од тој помал кикс и продолжи со својот говор.

Кога дојде редот на Бајден да зборува за енергетската политика, еден од учесниците го обвини дека охрабрува бушење нафта.

„Нема веќе бушење. Не одобрив ново бушење“, изјави американскиот претседател. Учесникот на митингот потоа му кажа дека одобрил „дополнителни пет години бушење на море“.

„Не, јас…“, рекол Бајден, но лицето го прекинало: „Во Атлантскиот и Тихиот Океан, но во Антарктикот и Мексиканскиот залив“.

„Тоа беше одобрено пред да станам претседател. Се обидуваме да работиме на тоа, да го решиме“, рече Бајден и го заврши својот говор на митингот.

Поради ваквите и слични гафови што знаат да му се прикрадат и историски ниската поддршка кај Американците, стратезите на Демократската партија го држеа Бајден подалеку од клучните предизборни собири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Американскиот Конгрес изгласа почеток на процедурата за…

Домот предводен од републиканците усвои републиканска резолуција…

Бајден повторно фатен како чита одговори на…

Американскиот претседател Џозеф Бајден, за време на…

Најнова вест: Спикерот Мајк Џонсон изјави дека…

Спикерот Мајк Џонсон изјави дека Домот денеска…

Бајден вети 200 милиони долари за Украина…

Американскиот лидер го повика Конгресот да донесе…