Ова е новата американска амбасадорка во Македонија!

t

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Анџела Прајс Агелер.

На 5 август демократското мнозинство во Сенатот на Твитер објави дека Анџела Прајс Агелер е потврдена за нова амбасадорка на САД во Македонија.

Таа доаѓа на местото на Кејт Мари Брнз, која ја извршува функцијата амбасадорка на САД во Скопје од 2019 година.

Новата амбасадорка на САД во Македонија Анџела Прајс Агелер претходно има работено на разни функции во Стејт департментот, меѓу кои и во Американската амбасада во Скопје, задолжена за односи со јавност.

Прајс Агелер денеска ќе оствари и протоколарна средба со претседателот на Собранието Талат Џафери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мајка си го продала бебето во Грција,…

Две жени во Грција се соочуваат со…

Голем сајбернапад врз Европската комисија: Можно е…

Европската комисија била цел на голем сајбернапад…

Трамп: САД не ја поддржуваат независноста на…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…

Паланчани во сабота излегуваат на протест против…

Жителите на Крива Паланка во сабота излегуваат…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна…

Филипче и СДС упорно ја повторуваат истата…