Од струен удар починал 53-годишен тетовец
Тетовската полиција информира дека кај нив е пријавен смртен случај кај 53 годишник од градот поради струен удар. Човекот настрадал во својот дом додека поправал штекер.
– Вчера (7 ноември) во 18 часот во СВР Тетово пријавено е дека на Интерно одделение во тетовската Клиничка болница бил донесен починат 53-годишниот А.М., кој претходно доживеал струен удар додека поправал електричен штекер во неговиот дом на улица „Велешка” во Тетово – информираат од СВР Тетово.
Извршен е увид, при што на телото на А.М. не биле констатирани траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото му било предадено на семeјството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху на гости во Белата куќа на…
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе го угости…
(Видео) Митовски: Крива Паланка аплицираше со четири…
Сѐ уште нема одговор од Владата за…
Пожар во галијата на Вардар кај „Холидеј…
Пожар избувна вечерва во галијата на Вардар…
Митовски: Историски најлош извештај за Македонија од…
Ова е најлош извештај на ЕУ за…
Шекеринска ќе ја посети Атина
Заменик-генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска ќе…