Влада: Финансиска поддршка на авиокомпаниите кои ќе воведат нови авиодестинации

t

Владата ја разгледа и усвои Информацијата во врска со потребата за донесување Програма за определување средства потребни за доделување финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Македонија на домашни и странски превозници, за периодот од 2023-2025 година и ја донесе Програмата. Донесена е и Уредба за начинот и критериумите за доделување финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници и потребната документација којашто треба да се достави од страна на корисниците на финансиската поддршка.

Согласно овие одлуки, Владата, преку Министерството за транспорт и врски, во следниот период, ќе распише јавен повик за доделување финансиска поддршка за авиокомпании коишто ќе воведат нови авиодестинации за граѓаните.

Овозможувањето патувања до дополнителни одредишта во Европа и во светот ќе значи и отворени можности за економски развој, унапредување на туризмот и запознавање и соработка помеѓу граѓаните и бизнис секторот од нашата држава и од други држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Јакимовски: Конечно по 10 години, ќе…

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски од…

Вучиќ очекува инциденти на денешните протести во…

„Според нашата проценка, се очекува насилството да…

Ужас во Пехчево: Млада жена турната низ…

Во објектот на Центарот за социјални работи…

Скопје без ниту една дискотека што ќе…

Скопје нема да има ниту една дискотека/кабаре…

Министерот за одбрана на Иран: “Ќе го…

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи,…