Добро утро со Инфомакс: Умирам за еден нов свет кој ќе огрее со светлина, умирам горд со името на својот народ!

t

Македонските дејци Никола Вапцаров и Антон Попов, едни од основачите на Македонскиот литературен кружок, се стрелани во Софија од страна на бугарските фашисти.

Името на Никола Вапцаров во последно време е актуелнопоради отварањето на македонскиот клуб во Благоевград кој го носи неговото име, но ликот и делото на Антон Попов како да се подзабораваат.

Добро утро Македонци, во продолжение неколку цитатаи од Попов.

Антон Попов кој по потекло е од Берово, во „Дневник“, Млада Македонија, 1938 г. напишал: „Беснееја на македонската земја разни господари. Срби, Турци, Грци, Бугари… Тогаш, од македонската нива сите тие береа. До денеска само на еден правото не го признаа. Правото на Македонецот да ја ора својата земја и единствено тој да го бере плодот од својата нива. Стариот господар на таа земја, правото на големиот македонски дух – не беше признат. Историјата на човештвото е полна со неправди…“

Неговите зборови се актуелни и денес:

„…Кој ги инспирира настојувањата да се избрише македонското сознание, македонското име, да не го признаваат правото на македонскиот народ да биде господар и чувар на својата родна земја?… Кој ги поттикнува нивните свирепи мерки, нивното цврсто решение?“

Пред да го стрелаат тој ќе запише:
„Умирам за еден нов свет, којшто ќе огрее со толку светлина, со толку убавина, така што мојата жртва за него не е ништо. Умирам горд со името на својот народ, за чие што добро работев до последен миг, за чија што добра иднина умирам.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…