Спасовски: Она што Владата на СДСМ го ветува тоа и го исполнува

t

Она што Владата предводена од СДСМ и коалицијата ќе го вети тоа и го исполнува – ви ветив дека ќе биде реконструирано Полициско Одделение Ростуше, денес тоа е реалност. Ветив дека ќе има базна станица за лични карти, и тоа е реалност. Од 2017 година наваму работиме посветено под мотото „Задоволна и опремена полиција-безбедни граѓани” и така ќе продолжиме, напиша министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на Фејсбук по посетата на Маврово Ростуше.

– Исполнување на ветеното и многу нови проекти – на средби со граѓаните во Маврово Ростуше разговаравме за проектите кои што се во тек и кои значат реализацијата на ветувањата на СДСМ дадени пред граѓаните за време на предвремените локални избори:

Започна реконструкција на повеќе улици во Велебрдо

Се прави потпорен ѕид во Жировница

Потпишани се договори и наскоро започнува релизација на проектот за водовод во Аџиевци со поддршка на Владата

Паркинг во селото Требиште

Сите овие нови проекти кои се реализираат директно придонесуваат за развој на регионот и исполнување на ветувањата на СДСМ.

Продолжуваме силно и посветено, да инвестираме насекаде, со поддршка на локалната самоуправа, да работиме во насока на рамномерен регионален развој, а се со цел обезбедување на подобар живот за сите граѓани, напиша Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…

Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…

По изјавата на Агелер за случајот со…

Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…

Докази за двете страшни убиства се записи…

Министерот за внатрешни работи во денешното „Само…

Спасовски: Отворивме сериозна битка со криминалните структури

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели…

Спасовски со пораки на Комитетот на министри…

Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во…