Лабаво – Тупанчески: Времето ќе покаже дали Абази е поврзан со ДУИ или не

t

Министерот за правда, Никола Тупанчески, вели дека времето ќе покаже дали обвинувањата за поврзаноста на новиот шеф на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) Ислам Абази со ДУИ имаат реална основа или не.

Коментарот на Тупанчески доаѓа откако вчера се појавија фотографии на Абази со функционери од ДУИ откако обвинителот тврдеше дека нема лични контакти со интегративците.

„Ги видов и тие фотографии кои имплицираат дека избраниот обвинител има некаква конекција или комуникација со претставници на одредена политичка партија. Никогаш не може до крај да се неутрализираат, најважно е дека практично времето ќе биде главниот фактор кој ќе покаже дали навистина овие хипотези и претпоставки што се пласираат по неговиот избор имаат реална основа. Практично, комуникацијата не може да биде исклучена, но најважно е да не биде злоупотребена, одговори  Тупанчевски на новинарско прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Барањето за ветинг на политичарите е…

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) ја изразува…

ДУИ: Охрабрете се да започнеме меѓународно мониториран…

„Охрабрете се да започнеме меѓународно мониториран ветинг…

ДУИ: Стравот од целосен ветинг не се…

Демократската унија за интеграции бара веднаш да…

ДУИ бара сеопфатен ветинг на сите јавни…

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска имаше…

ДУИ му одговори на Мицкоски: Ние сме…

„ДУИ како државотворна партија е гарант за…