Изборите го срушија доларот: Најниска вредност во последните два месеци, скоро изедначен со еврото!

t

Доларот денеска се тргува блиску до најниското ниво во последните два месеца во однос на еврото, додека трговците ги очекуваат среднорочните резултати од изборите во САД и податоците за инфлацијата во САД, кои ќе бидат објавени оваа недела, што ќе влијае на пазарните проценки за изгледите за каматните стапки на Федералните резерви.

Вниманието на инвеститорите е насочено и кон криптовалутите, кои се стабилизираа по вчерашниот остар пад, кога нервозата за стабилноста на девизниот курс на токените FTX предизвика наплив на повлекувања, се додека конечно не беше објавен договор за спас, според кој берзата Binance ќе преземе преку FTX.

Еврото беше малку променето денеска и се тргуваше за 1,0066 долари, откако во текот на ноќта достигна 1,0096 долари, што е највисоко ниво од 13 септември, пренесува Ројтерс.

Според средниот курс на НБРМ еврото и доларот денеска имаат минимална разлика во вредноста.

Доларот ослабе во однос на јапонската валута на 145,17 јени во азиската трговија, што е најслаб во однос на јенот овој месец, а исто така падна и во однос на швајцарскиот франк на 0,9823 франци, што е најниско ниво во последните пет недели.

Американската валута беше под притисок да ослабне во изминатата недела поради облозите на играчите на пазарот дека ФЕД ќе го омекне зголемувањето на основната каматна стапка и дека Кина ќе ги олабави мерките за КОВИД за стимулирање на економската активност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ѝ се заканија на Турција со…

Помошникот на шефот на американското Министерство за…

Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…

САД: Неонацистичка група има намера да се…

Предизборната кампања во САД се соочи со…

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…

Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…

Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…