Објавено на:

Гувернерот на Флорида прогласи крај на „Ковид театарот“ – децата веќе не мора да носат маски во училиште

t

Рон ДеСантис, гувернерот на американската сојузна држава Флорида кој е сериозен кандидат за претседателските избори во 2024 година, рече дека ќе ги заштити децата на Флорида и нема да дозволи да им се наредува да носат маски во училиште.

Под ДеСантис, Флорида се истакна со брзо укинување на рестриктивните мерки за корона вирусот, и меѓу првите им дозволи на децата да одат на училиште без маски. Но, некои училишта инсистираат на носењето маски. ДеСантис се судри со родителите на група деца минатата недела, кога за време на јавен настан им кажа дека не мора да ги носат маските. „Не мора да ги носите, симнете ги. Доста со овој Ковид театар. Сериозно, маските ништо не помагаат. Ако сакате носете ги, ама ова веќе е смешно“, рече ДеСантис, по што родителите на дел од децата реагираа против него.

Во Флорида, ние ќе ги браниме правата на нашите жители сами да решаваат за себе и за своите деца. Ја отфрламе хистеријата и се залагаме за вистината и за реалните податоци. Во Флорида веќе нема да се игра Ковид театар, порача ДеСантис.

Гувернерот со задоволство пречекува „бегалци“ од другите држави во САД, кои се селат во Флорида во обид на своите деца да им обезбедат безгрижно детство и нормално образование. Поради тоа, неговата популарност во редовите на Републиканската партија расте, и тој е сериозен кандидат за претседател – секако, доколку не дојде до нова кандидатура на Доналд Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српските телевизии ја прекинаа програмата во сеќавање…

Сите телевизии во Србија ја прекинаа програмата…

(Видео) Оро на Прешево, Србите кои чекаа…

Празничниот продолжен викенд создаде долги колони на…

Кавга меѓу Шпанија и Аргентина- сѐ почнало…

Неговата изјава доаѓа откако шпански министер навестил…

Шефот на британската дипломатија: Испраќањето НАТО војници…

Министерот за надворешни работи на Британија Дејвид…

Лајчак: Вучиќ и Курти имаат мандати за…

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот…