Само тројца навивачи уапсени за нападот врз фудбалерите на Шкендија
Тројца хулигани на Шкупи од навивачката група „Шверцери“ кои попладнево направија хаос и ги нападнаа фудбалерите на Шкендија на дербито во четвртфиналето во Купот на Чаир се приведени, објави „СДК“ според информации од МВР.
Навивачи на Шкупи влегоа на терен и ги нападнаа фудбалерите на Шкендија откако тетовци постигнаа гол за водство, по што со специјалци гостинските фудбалери беа спроведени до соблекувалните, а чаирските навивачи се нафрлија со пиротехника и кој полициските службеници.
Мечот после хаосот се прекина и ФФМ денеска го регистрираше со службена победа на Шкендија со 3-0 за пласман во полуфинале, додека теренот во Чаир е суспендиран и Шкупи е предаден на дисциплинската комисија која ќе решава за висината на казната, па до донесување на одлуката ќе мораат чаирчани да играат 100 километри надвор од Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
15-годишно момче донесено во болница без знаци…
15-годишно момче од Гостивар било донесено во…
МВР најави зголемена употреба на дронови за…
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека…
Грција ги забрани социјалните мрежи за деца…
Децата помлади од 15 години во Грција…
„Одиме на Солун“ – Гужви на ГП…
Продолжениот викенд повторно ги насочи македонските граѓани…
Бугарија избира претседател, анкетите ја фаворизираат Јотова
Бугарија во недела избира претседател на избори…