УЖАС: Младо момче застрелано средe бел ден на семафор во Белград

t

На улицата „Зрмањска“ на Баново Брдо дошло до пукање во кое непознат напаѓач пукал во Дејан Г.(19) и побегнал.

Жителите на овој дел од градот велат дека се шокирани, а некои од нив дури и го виделе напаѓачот како бега.

„Не ми се верува дека некој застрела 19-годишно дете сред бел ден. Ужас. Ранетиот млад човек беше во автомобил на семафор, притрча некој и испука неколку куршуми кон него. Застреланиот почна да плаче и да кука, не очекуваше дека некој ќе пука. Напаѓачот, како што слушнавме, веднаш почнал да бега со пиштолот во рака“ вели еден од жителите на овој крај.

Според друг жител, сè изгледало како филм.

„Како да е акционен филм, младиот човек чека да се вклучи семафорот, му приоѓа пукач и пука, а потоа бега“ вели соговорникот за „Курир.рс“ и додава дека не е исклучена можноста за пресметка на навивачите бидејќи за неколку часа ќе започне и натпревар на Баново брдо.

„Откако беше застрелан младиот човек, тој излезе од автомобилот облеан во крв и побара помош“, вели сведокот.

На терен може да се забележат голем број припадници на полицијта.

Како што неофицијално дознава „Курир.рс“, напаѓачот е со голема градба и носел маслинесто зелена јакна, црна тренерка и црни патики.

„Дејан наводно и е познат на полицијата од порано, а се сомнева дека жртвата и напаѓачот се познавале од порано. Исто така, постои сомневање дека напаѓачот побегнал во правец на улицата Пожешка – раскажува неименуван соговорник за српскиот портал и додава дека младиот човек кој бил застрелан буквално излегол од автомобилот и почнал да ползи.

„Обвиен во крв се обиде да излезе од автомобилот и почна да ползи, но падна и остана да лежи на сред пат“, раскажал соговорникот.

Медиумот дознава дека напаѓачот не дејствувал сам. Наводно, во близина го чекал соучесник и кога напаѓачот ја завршил задачата, притрчал кај соучесникот и заедно побегнале.

Пред неколку дена се случил уште еден напад во близина на местото на денешната престрелка, но со нож.

„Се сомнева дека двата напади се поврзани и дека се работи за борба за територија. Наводно, станува збор за конфликт меѓу дилери за преземање на бизнисот бидејќи, наводно, главните дилери на тој простор биле уапсени пред неколку месеци“, објаснува соговорникот, пренесе „Курир.рс“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија бара средства за зголемување на воената…

Германската влада бара дополнителни средства за зголемување…

Русија во Иран испраќа два авиони, хеликоптер…

Рускиот претседател Владимир Путин, наредил испраќање на…

Груевски се огласи на Фејсбук за промената…

Грчките политичари деновиве јавно си раскажуваат меѓусебе…

(Видео) Украина префрла нови резерви во Вовчанск:…

Додека руските сили веќе ја преминаа северната…

Што имало во куферот на Љупчо Палевски…

Љупчо Палевски – Палчо 5 дена веќе…