Савевски: Против вакви противници мора да внесеме 200% од силите
Селектроот на женската ракометна репрезентација Љубомир Савевски на официјалната прес-конференција издвои пофалби за нашата игра и залагање.
„Среќен сум што покажавме добар ракомет во првиот дел и до средината на вториот дел. Имавме само 23 гола од 54 удари, што покажува дека имавме лоша ефикасност. Но, кога играте со срце нема што да се замери на девојките. Мора да внесеме 200% од нашите можности против вакви противници.Свесен сум дека ме критикуваат за внесувањето на неколку кадетки, но тоа се квалитетни девојчиња и во иднина ќе бидат подобри. Сепак, немавме енергија за сите шеесет минути. Се обидов со неколку измени, но тоа не е истото ниво. Ни падна и моралот, го загубивме и ритамот кога промашивме путеви од шест метри, зицери… Немавме идеја со десничар на позиција десен бек, но тоа не функционираше. Се обидовбме со Кипријановска, но и тоа не функционираше.
Не сум многу разочаран, наидовме на тешка група и ќе беше поинаку ако имавме друг тип на противници во групата. Но, сега мора да се осврнеме на квалификациите за Светското првенство во април, да направиме мали корекции и да бидеме уште подобри“, заврши селекторот Савевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Луке Галески стана член на Надзорниот одбор…
Луке Галески, дел од Извршниот комитет на…
Израел ја погоди иранската државна телевизија за…
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац во…
Жена со бугарско потекло загина во Израел
Постара Израелка со бугарски корени загина во…
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Сè уште не почнала евакуацијата на македонските…
Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел…