Спектакл во Скопје: Сараевски Жељо гостин за 35 години Комити и 75 години Вардар!
Еден од најголемите босански клубови, Жељезничар од Сараево, ќе гостува во Скопје на 23 ноември, на спектаклот по повод 75-годишнината од формирањето на најтрофејниот македонски клуб Вардар и 35 години од формирањето на најверните вардарови навивачи Комити.
Жељо е поранешен шампион на СФРЈ од сезоната 1971/72 и има еден освоен Куп трофеј од поранешната држава (1981), исто како и црвено-црните кои беа прваци во 1987, а освојувачи на Купот во 1961 година. Гигантот од Грбавица од распадот на СФРЈ има шест титули и шест купови во БиХ, а има европско полуфинале во 1984/85 во Купот на УЕФА, сегашната Лига Европа.
Сараевчани доаѓаат на пријателски меч и спектакл кој го подготвуваат Комити за да се одбележи голем јубилеј на црвено-црните и нивната најверна армија навивачи, а мечот е закажан за скопската Арена „Тодор Проески“ на 23 ноември од 19.30 часот.
Нема сомнение дека Комити подготвуваат вистински спектакл, а вардарци ќе имаат одлична „проверка“ во атакот во оваа сезона да се вратат во Првата лига по двегодишна пауза после катаклизмата што ја снајде македонската гордост.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Федоров планира да отпатува во САД за…
Поранешниот украински министер за одбрана Михајло Федоров…
ПЕТ-скенот е повторно ставен во функција со…
Единствениот ПЕТ-скен во јавното здравство во земјава…
Просечната нето плата во Хрватска за јуни…
Просечната месечна нето плата исплатена по вработен…
Граѓаните од ризичните места да ги дезинфицираат…
Здравствените власти денес препорачаа дезинфекција на септичките…
Просечната плата во јуни падна за 1.163…
Просечната нето-плата во Македонија во јуни изнесувала…