Ковачевски: Ние сме континуитет на Зоран Заев
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва присуствуваше на трибината организирана во Струмица. Во преполната сала во Струмица Ковачевски се осврна на државотворниот капацитет на партијата сите изминати години наназад.
„Струмица е олицетворение на што сме ние, социјалдемократите. СДСМ е печатот на македонската европска идеја и напредокот од осамостојувањето до денеска. На тој пат ние чекориме 31 години и тој пат ние го предводиме. СДСМ е дел од континуитетот на државничките одлуки во исполнување на македонските национални стратешки цели поставени уште од независноста“ истакна Ковачевски.
Претседателот Ковачевски посочи дека СДСМ 31 година е на вистинската страна на историјата.
„Денес јас и вие можеме со гордост ние сме континуитетот на Киро Глигоров со чија мудрост стекнавме независност по мирен пат, и во едно турбулентно време бевме „Оаза на мирот“ на Балканот.
Ние сме континуитет и на Бранко Црвенковски и трансформацијата на општеството, на Владо Бучковски, на Радмила Шекеринска и кандидатскиот статус на државата. Ние сме континуитетот на Зоран Заев, на храбрите одлуки со кои станавме членка на НАТО, решивме децениски спорови и изградивме Едно општество за сите. 31 година СДСМ е на вистинската страна на историјата и за тоа секој социјалдемократ, секој од вас овде присутен во оваа сала е особено горд.“ рече Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иранска воена техника се движи кон Кувајт?!…
Снимки што се споделуваат на социјалните мрежи,…
Герасимовски: Постапката за „Барутана“ е законска обврска
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во…
Мицкоски за предвремени избори: Можно е, никогаш…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во интервју…
Северна Кореја тестираше ракети од под вода:…
Северна Кореја соопшти дека тестирала два типа…
Украински дронови запалија руска рафинерија, Путин најави…
Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека украинските…