Трајковски нема да игра против Азербејџан и Финска

t

Крилниот напаѓач на македонската фудбалска репрезентација Александар Трајковски поради повреда нема да биде во комбинација за настап на двата претстојните пријателски натпревари против Финска и Азербејџан.

Како што вечерва соопшти ФФМ, станува збор за повреда на листот на ногата и Трајковски нема да биде во можност да му се стави на располагање на селекторот Благоја Милевски.

Стручниот штаб дополнително ќе одлучи дали ќе прати повик до друг фудбалер како замена за повредениот Трајковски.

Македонската репрезентација идната седмица ќе одигра два пријателски натпревари во Скопје, против Финска, в четврток, и против Азербејџан, в недела, на Арената „Тодор Проески“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Федоров планира да отпатува во САД за…

Поранешниот украински министер за одбрана Михајло Федоров…

ПЕТ-скенот е повторно ставен во функција со…

Единствениот ПЕТ-скен во јавното здравство во земјава…

Просечната нето плата во Хрватска за јуни…

Просечната месечна нето плата исплатена по вработен…

Граѓаните од ризичните места да ги дезинфицираат…

Здравствените власти денес препорачаа дезинфекција на септичките…

Просечната плата во јуни падна за 1.163…

Просечната нето-плата во Македонија во јуни изнесувала…