Зеленски се пишмани: Не ја треснав вратата за преговори со Русија
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека не ја „треснал” вратата за потенцијалните мировни преговори со Руската Федерација.
-Не ја треснав вратата. Реков дека ќе бидеме подготвени да разговараме со Русија – но со друга Русија. Онаа која е навистина подготвена за мир. Онаа која е подготвена да признае дека тие се окупатори… Но само доколку вратат се. Земја, права, слобода, пари. И што е најважно, правда, рече Зеленски во интервју за Си-ен-ен, што беше објавено вчера.
Зеленски додава дека засега освен ултиматум, ништо друго не слушнал од актуелниот претседател на Руската Федерација Владимир Путин.
-И досега не сум слушнал дека се подготвени да ги прифатат нашите, украински услови – ниту од Путин, ниту од кој било друг руски функционер, рече Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД одобрија можна продажба на опрема за…
Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…
ЕУ предлага санкции за една банка и…
Европската комисија предложила воведување санкции за една…
Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…
„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…
Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…
Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…
Видео: Украински пилот со авионски топ собори…
Украинското воено воздухопловство објави снимка од кокпитот…