Тодоровска: На фестивал на малцинствата во Албанија настапи „бугарското“ малцинство, македонско немаше

t

Професорката Катерина Тодороска предупреди дека деновиве на фолклорен фестивал на малцинствата во соседна Албанија настапила фолклорна бугарска група, а немало настап на македонска фолклорна група.

Утринава сакам да ви пишам за едно мое големо разочарување како показ за самонегирање.

Во Албанија, како држава НЕ членка на „демократска ЕУ“ постои Комитет за национални малцинства. Моментално, во него има претставници на сите малцинства во Албанија, освен на новоизмисленото „бугарско“ малцинство.
Претставник на македонското национално малцинство е Марјана Костофски.

Дниве во јужниот дел на Албанија во местото Ливадја, Општина Финик, се одржа фолклорен фестивал на националните малцинства. Фестивалот беше поддржан од Комитетот за национални малцинства. На него имаше претставници на малцинствата, ОСВЕН на македонското, па остана нејасно што работи спомнатата Марјана Костофски како претставник на Македонците во тој Комитет?

Друга дилема беше фактот што при претставувањето на „Бугарите“ немаше ниту еден репрезент, но затоа пак се појави една фолклорна група, небаре од „Бугари од Гора“. Остана нејасно кој ја придружува таа група „Бугари“ и како при немањето претставник во Комитетот за национални малцинства на „Бугарите“ тие се организирале и настапија на фестивалот?

И така, личноста која во Комитетот за национални малцинства во Албанија треба да биде најгласна и најревносна кога се во прашање Македонците во Албанија ја нема никаде. Нема објавено ниту една реакција во однос на атакот на бугарската држава врз Македонците во Албанија, а овој пат не успеа ниту да организира претставници на македонското малцинство за учеството на фолклорниот фестивал.

Колку да нема забуна, фестивалот е финансиран од албанската држава, така што финансии не се во прашање.
И после, други нам нѝ се виновни што сами си се бришеме.

За нас ни дното не е дно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СИ-ЕН-ЕН: АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА МОЖЕН ИРАНСКИ…

Американските разузнавачки служби располагаат со информации кои…

Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја…

Во понудата на инстант лозови на Државна…

ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ВАШИНГТОН ПРИВРЕМЕНО ЗАПРЕН: Амтрак…

Американската железничка компанија „Амтрак“ (Amtrak) привремено го…

НОВ ХАОС НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Падна системот…

Американската авиокомпанија United Airlines потврди дека се…

ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…

Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…