Каевски: Левица се реална закана за европската иднина
Левица и Димитар Апасиев имаат јасна агенда да го попречат патот кон ЕУ. Левица, не треба да се потценува, бидејќи како што поминува времето, таа и Апасиев ќе го земат Христијан Мицкоски како нивен заложник. Мицкоски е слаб, нема визија, нема став, тој е обичен послушник на Никола Груевски. Но затоа, како што заканата од Левица раста, Мицкоски станува се поекстремен, изјави денеска Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.
Тоа го покажа и пред некој ден кога самиот потврди дека неговата ВМРО-ДПМНЕ е континуитет на делата на Ванчо Михајлов. Апасиев и Левица се реалната закана за европската иднина на државата. Нивната политика нема да ја направи земјата посилна туку послаба ако запреме на патот кон ЕУ. Ќе запре помошта од ЕУ, ќе немаме пристап до европските фондови, ќе завладее неизвесност, младите ќе побегнат во други европски земји.
Македонскиот идентитет повторно ќе го доведуваат под прашање. Сѐ што досега постигнавме ќе го загубиме.
Пироманите од Левица се посилни затоа што Мицковски станува се послаб. Оваа опасност од непромислен популизам СДСМ и демократските сили нема да дозволат да се случи.
Европската унија е нашата најдобра опција за сигурна македонска иднина, не смееме да дозволиме и нема да дозволиме кој било да ја загрози“, изјави Каевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Неофицијално: Авраам-Минос Мојсис бил можна цел на…
Авраам-Минос Мојсис, грчки бизнисмен со еврејско потекло…
Денес се празнува Свети Павле Исповедник, патријарх…
Кога блажениот патријарх Александар лежеше на смртна…
Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно наместа со повремени врнежи од…
Ахмети: Македонските, албанските и српските криминалци соработуваат,…
Криминалот не познава етнички граници, додека политичарите…
ПРЕКИН НА КЛУЧЕН ПОДМОРСКИ ИНТЕРНЕТ-КАБЕЛ: Пакистан се…
Сериозни нарушувања во интернет-комуникациите се пријавени во…