(Видео) Божиновски до Мицкоски: Ако сте континуитет на Ванчо Михајлов треба да ве забранат како партија
“Ванчо Михајлов е дел од континуитетот на вмро и тоа треба да се почитува” – Мицкоски.
Ко така треба да ве забранат ко партија, никаде во Европа не се регистрираат партии кои имаат континуитет во фашизмот и нацизмот. Не е можно да се брани и АСНОМ и Михајлов, не е можно да е македонска партија ако има континуитет од Бугари. А за наша среќа Михајлов не беше Македонец.
Фејсбук статус на Божидар Божиновски
Не мора да се сложиме со тоа што го правеле претходниците и како раководеле со организацијата. Не значи дека сме се сложувале со тие политики. Ќе помине деценија, па некој друг во иднина можеби со нас нема да се согласува. Континуитетот што сме го презеле, треба да се почитува, ние сме партија за македонско национално единство, објаснува Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не се оградува од својот дамнешен претходник, некогашниот лидер на ВМРО Ванчо Михајлов, кој во македонската јавност е перципиран како контроверзен историски лик, негатор на Македонците и соработник и близок пријател на Анте Павелиќ, шеф на фашистичката Независна држава Хрватска од Втората светска војна. Мицкоски јавно инсистира Владата да го затвори клубот во Охрид што го носи името на бугарскиот цар Борис, но не и битолскиот наречен „Иван Михајлов“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Неофицијално: Авраам-Минос Мојсис бил можна цел на…
Авраам-Минос Мојсис, грчки бизнисмен со еврејско потекло…
Денес се празнува Свети Павле Исповедник, патријарх…
Кога блажениот патријарх Александар лежеше на смртна…
Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно наместа со повремени врнежи од…
Ахмети: Македонските, албанските и српските криминалци соработуваат,…
Криминалот не познава етнички граници, додека политичарите…
ПРЕКИН НА КЛУЧЕН ПОДМОРСКИ ИНТЕРНЕТ-КАБЕЛ: Пакистан се…
Сериозни нарушувања во интернет-комуникациите се пријавени во…