ВОЗАЧИ ВНИМАВАЈТЕ, МВР СО ЗАСИЛЕНИ КОНТРОЛИ: 191 санкции за брзо возење

t

Во текот на вчерашниот ден (11.11.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 191 возач.

Од нив 18 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 91 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 100 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Цитроен“ удри во електричен тротинет, тешко повреден…

Вчера во 11.50 часот во Полициската станица…

Азири од Европски фронт: Ќе ги повикаме…

Елми Азири од коалицијата Европски фронт денеска…

Димитриевски му одговори на Мицкоски: Не очекувам…

Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски во своето…

Медиумите во Србија ja прекинaa програмата со…

Во 8 часот и 41 минути медиумите…

Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа…

Русија ги засилила нападите во правец кон…