Димитров: Контролорите за летање ја спасија професијата и безбедноста на македонското небо, да живеат ничиите
Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров го коментира обидот да се поништи конкурсот за контролори за летање бидејќи немало доволно партиски „деца“.
Тој смета дека контролорите на летање, професионалци со висок интегритет, спречија обид за партизација во оваа исклучително одговорна и стресна професија.
,,Ја спасија честа на куќата, на својата професија и безбедноста на летањето низ македонското небо, бидејќи се обединија против злоупотребата на политичката ноќ.
Заслужуваат огромна граѓанска почит и поддршка. Оваа ретка победа на професионализмот врз клиентелизмот нека ни биде инспирација на сите кои веруваме дека Македонија може и мора поинаку.
За срамниот обид да се поништи конкурс бидејќи биле избрани “ничии” кандидати раководството мора да сноси одговорност и да биде разрешено.Да живеат ничиите!”
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Оставка од Илијана Јотова и Румен Радев,…
Демонстранти се собраа на мирни протести пред…
ВМРО-ДПМНЕ најостро реагира на нечовечките и надвор…
ВМРО-ДПМНЕ најостро реагира на нечовечките и надвор…
НАТО вложува милијарда евра во нова технологија:…
НАТО ја менува својата стратегија за развој…
(Видео) Василев: Јотова го помилува „Петричкиот Ескобар“
Бугарскиот пратеник Асен Василев обвини дека поради…
Трамп најави масовно истражување на нафта на…
Американскиот претседател Доналд Трамп најави почеток на…