Објавено на:

Зеленски ќе се обрати на самитот на Г-20 во Индонезија

t

Володимир Зеленски го потврди своето учество на самитот на Г20 со обраќање преку видео порака.
„Многу активно се подготвуваме за важна недела за Украина, дипломатска недела. Самитот на Г-20 ќе се одржи во Индонезија, а нашиот став ќе биде презентиран… Моето обраќање е веќе во вторник“, рече Зеленски во видео пораката на каналот Телеграм.


Самитот на Г20 ќе се одржи на 15 и 16 ноември во Бали. Претходно од руското МНР за РИА Новости изјавија дека руската делегација на самитот Г20 ќе ја предводи шефот на одделот Сергеј Лавров. На Г-20, руската делегација планира да претстави голем број конкретни иницијативи во врска со снабдувањето со храна и енергетски ресурси, вклучително и градење соработка за гас со Турција, организирање на снабдување со големи пратки жито и ѓубрива, објави Министерството за надворешни работи.

Г-20 е главен форум за меѓународна економска соработка, со околу 85% од глобалниот БДП, над 75% од светската трговија и околу две третини од светското население.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црна Гора испраќа војници во Украина!

Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…

Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…

Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…

Украина врати група воени заробеници во Русија

Украина ја врати втората група руски војници…

ВОЗНЕМИРУВАЧКО! Украински војник ослободен од руско заробеништво…

Суровоста и нехуманото постапување кон воените заробеници…