Граѓаните не плаќаат струја за оние кои ја крадат, тврди Бислимоски

t

Не, не плаќаат и никогаш не плаќале, тврди директорот на Регулаторна комисија Марко Бислимовски на прашањето дали граѓаните плаќаат струја и за оние кои ја крадат, во интервјуто за Радио слободна Европа (РСЕ).

Бислимовски вели дека одлуките што ги носи РКЕ се такви да не се признава трошок за ненаплата.

– ЕВН хоум треба да наплати 100 проценти од тоа што е испорачано кај самите потрошувачи. Сето тоа што не е фактурирано и сите тие кражби одат на товар на операторот на дистрибутивниот систем, вели тој.

Бислимовскик објаснува дека загубите во мрежа се 13,8 проценти.

РКЕ во 2022 година признава загуби од 12,4 проценти, во 2023 ќе признаваме загуби од 12,2 проценти и таа разлика до реалните загуби не ги признаваме во нашите одлуки и е на товар на операторот на дистрибутивниот систем.

Запрашан дали ако оправданата загуба – загревање на кабли, загуби при трансформација, е 10 проценти, а вие признавате 12,4 проценти, хипотетички дали е тогаш можно тие 2,4 проценти да се кражби коишто ние ги плаќаме.

– Има студија изработена од Електротехничкиот факултет и некаде, во зависност од периодот на годината, загубите на електрична енергија во нашата дистрибутивна мрежа се меѓу 11,5 и 13,5 проценти. Тоа се технички загуби заради структура на мрежа, објаснува Бислимовски.

Во интервјуто за РСЕ, тој вели дека е противник на еветуално зголемување на цената на струјата по Нова година

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кремљ ги дефинираше како неосновани обвинувањата на…

Кремљ ги оквалификува како неосновани американските обвинувања…

Објавена меѓународната рамка за регулирање на вештачката…

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска ја претстави…

(Видео) Почна операцијата на Универзитетот Калифорнија: Апсења…

Во кампусот на Универзитетот Калифорнија во Лос…

Франција нуди предлози за намалување на тензиите…

Француските власти денеска им презентираа предлози на…