Великани на светскиот спорт(10.1) Пеле – Роден да биде најдобар и да победува(втор дел)
Пеле имаше неверојатна и незаборавна фудбалска кариера. Беше фудбалер и човек кого сите без исклучок го почитуваа – како најголем на сите времиња – во најјакиот, најмасовниот и најславениот спорт во модерното доба. Еден единствен. Ненадминат. Се, ама буквално се, можеше да направби во фудбалот, да даде гол, да победи и да биде славен. Затоа само тој заслужи да го викаат Крал(О Реи).Единствен на пласнетата земја кој си заработи “кралство“ преку фудбалот. И секако кралска титула. Титулата му е целосно заслужена бидејќи животот го посвети на фудбалот, на филантропството и на хуманитарната активност.
Пеле фудбалот почнал да го игра, како и сите други во Бразил – кога проодил. Ама не бил како останатите. Уште од самите почетоци се гледаше дека бил посебен – фудбалер кој немаше ниту една маана. Апсолутна фудбалска појава и невиден фудбалски феномен. Тој за најсаканата споредна работа на светот имал се. Дриблинг со двете нозе.
Зачудувачка брзина за фудбалер во тоа време(трчал 100 метри за 11,2 секунди) – брз како око. Цврст и стабилен како сртена. Прецизен удар со двете нозе. Извонреден скок и одраз, и одлична игра со главата. Целосен преглед на играта. Уште во тоа време атлетски граден според денешен модел. Имаше психоделично влијание на сите околу себе. Сепак, тоа беа други фудбалски времиња, многу поромантични од денешниот атлетски и технички фудбал. И тогаш и сега никој не играше фудбал со таква леснина, а и никој така често не ги тресеше мрежите од голот. Фудбалот на Пеле беше спонтан, имагинативен, балет на зелениот терен. Фудбал на талентиран играч, фудбал на генијалец на фудбалската игра. Поседуваше нависок можен инстинкт за гол. Виртуозна фудбалска техника. Магична игра со гради и глава. Имаше динамите во нозете – за претрчување на противниците, проигрување со соиграчите и давање на голови. Брз со духот и телото.
Светското првенство 1958 година во Шведска беше меѓународно деби на Пеле и воедно негов фудбалски блесок. Бразил со 17 годишното момче Пеле на фудбаслскиот везеше и играше фудбалска самба. Фудбал на додавања, проигрувања и прекрасни голови. Техника. Спектакл. Виртуозност. Голови, голови, и Пеле. – За сите времиња. Осовена е светската титула, и Пеле со гордост и дигнато чело ја однесе на татко му – остварување на ветување од детството. Како играше Бразил на тоа светско првенство? СССР не знаеше каде е топката(скриена од Бразилците). Австријците беа без компас(претрчувани и дриблани од бразилците0. Гордиот Албион едвај извчече “нула“(нерешено). Велс поразен, а Франција изгледаше како во фудбалска комедија.
На светското првенство во Чиле 1962 година титулата е повторно за Бразил. Гаринча плус Пеле еднакво на светска титула. 1970 година, Мексико, атомски фудбал на Бразил и титула освоена преку формулата: Тостао, Жаирзињо, Ривељињо и Пеле – колктивна фудбалска игра – супер игра, во финалето Италија надиграна и поразена. Триаголникот е затворен, дали тоа беше лебедовата фудбалска песна на Бразил?
Тоа беше време кога фудбалот се сакаше како Божик. Победата на саканиот тим или репрезентацијата се славеше како најголема слава, а за поразот се тагуваше како за најголема загуба – лична или национална. Головите се прославуваа како карневалот во Рио. Пеле играше фудбал, и беше најдобар, кога фудбалската топка беше дупло потешка од денешната. Копачките беа од груба кожа, тврди и тешки. Фудбалските терени “грбави“ и без дренажа. Судиите Пеле воопшто не го заштитуваа, бидејќи форсираа остра германско-англиска фудбалска игра, со опасни клизачки стартови на халфовите и бековите. Поради такви костоломци Пеле 1962 година на светското првенство, паузираше на некоио натпревари, а во 1966 година на првенството во Велика Британија Бугарите и Португалците буквално го претепаа, го повредија и не играше. Зечев му ја “дереше кожата“, беше повеќе на земја, отколку на нозе. А беше во најубавите фудбалски години: од 22-та до 26-тата.
Поради способностите што ги поседуваше и умешностите што ги покажа на зелениот терен, во најважната споредна работа на светот, беше и остана, најблескава фудбалска ѕвезда на сите времиња. Фудбалска и спортска кариера без скандали и афери. Живот без црни дамки и пороци. Брилијантен фудбалер, примерен спортист на сите времиња, за секого. Човек кој не дозволи славата да му го помати разумот. Угледен жител на Бразил, респектиран граѓанин на светот. Неговиот фудбалски талент подеднакво ги воодушевуваше фудбалските гледачи, навивачи, неговите обожаватели, новинарите и противниците на теренот. Светот вечно ќе ја памети изјавата на бразилскиот новинар Армандо Ногера дека: “доколку
Пеле не бил човек, тогаш сигурно ќе постоел како топка“. Како фудбалер го пронашол славниот бразилски репрезентативец Валдемар де Брито, кој го донел во фудбалскиот клуб Сантос и уште кога бил непознат играч за него изјавил дека ќе биде најдобар фудбалер на светот. Валдемар де Брито или бил добар познавач на фудбалската игра и фудбалерите или пак бил одличен претскажувач. Можеби само прв кој ги насетил фудбалските предиспозиции и способности на тоа младо момче со долго име. Сигурно е дека прв го намирисал неговиот раскошен талент за фудбал.
Во денешниот фудбал Пеле би бил божество и убедливо најдобар фудбалер. Околу себе би имал врвна играчка машинерија, апсолутна судијска заштита, совршена опрема, нега, исхрана, добар менаџерски тим и огромни тренсвери.
Дефинитивно прв спортски милијардер.
Пеле беше идол на сите што играа и го сакаа фудбалот. Мајстор- велемајстор на фудбалската игра за сите времиња. Неговото умеење со топката, потезите, дриблинзите, додавањата, претрчувањата, секогаш беа поинакви, подобри, најдобри. На теренот беше лидер и ас од најголем формат и ков.
Сотир Костов
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Севернизација“ во Собранието: Од 41 закон се…
Владата и министерствата ја бетонираат „северна“. До…
Пожар изби во Ајфеловата кула во Париз,…
Во тек е евакуација на Ајфеловата кула…
Кривична пријава за даночно затајување за сопственик…
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава…
Кривичен ја одби жалбата за притвор на…
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје…
Владата со препорака Службен весник да ја…
Транспарентна влада е силна влада! Еден значаен…