Ова се поевтините цени на горивата што важат од денеска
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ од утринава на полноќ е намалена за 2,50 денари, а на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 0,50 денари по литар.
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) соопшти дека за 2,00 денара е поевтино и Екстра лесното масло за домаќинство.
Според таа одлука на РКЕ, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 93,50, а ЕУРОСУПЕР БС-98 е 96,00 денари за литар.
Од утринава, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се продава за 96,00 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство за 91,00 денар за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС е намалена за 0,806 ден/кг и изнесува 49,189 ден/кг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Слепите лица во Тетово без инфраструктура –…
Ова е сликата и светот низ кои…
Слаб земјотрес во Охридско
Слаб земјотрес со локална магнитуда од 2,0…
Жена обвинета за обид за труење колешка,…
Жена од Западна Австралија е обвинета за…
Трамп: Погубувањето на осудениот за масакрот во…
Погубувањето на поранешниот мајор на американската војска…
Во поплавите во Истанбул загинаа најмалку три…
Најмалку три лица загинаа во поплавите предизвикани…