Маричиќ: Соработката со Албанија ќе ни го отвори и ќе ни го направи полесен патот кон полноправно членство со Европската Унија

t

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ заедно со главната преговарачка со ЕУ за Република Албанија, Мајлинда Дука потпиша Меморандумот за соработка за прашањата поврзани со интеграцијата во Европската Унија, во рамки на втората меѓувладина седница на Македонија и Албанија, која се одржа денес во Скопје.

– Со Република Албанија остануваме и понатаму во евроинтегративниот процес давајќи несебична поддршка едни на други, и на политичко и на техничко ниво. Работиме заедно и имаме видлив степен на соработка и блискост и помеѓу нашите тимови на експертско ниво, кога сме во Брисел. Денеска го официјализираме тоа што го разговаравме на последната средба со мојата колешка Мајлинда Дука, посочи вицепремиерот Маричиќ.

Според него, Меморандумот за соработка за прашањата поврзани со интеграцијата во Европската Унија е инструмент за институционализирање на соработката помеѓу Македонија и Албанија кој ќе им помогне на двете земји подобро да се подготват за пристапување во Европската Унија како полноправни членки.

Вицепремиерот Маричиќ смета дека Меморандумот ќе помогне во идентификувањето области каде двете земји ќе градат заеднички ставови и ќе бараат заеднички место на масата со земјите членки за процеси кои ги засегнуваат. Меморандумот исто така овозможува, преку размена на знаења, информации, искуства, практики, државни службеници, организирање на заеднички настани, консултации, иницијативи, и преку воспоставување на постапки за координација и редовни состаноци, да се направи процесот на пристапни преговори полесен, поефикасен и побрз.

Маричиќ и Дука се согласија дека ова е уште еден чекор напред кон зајакнување на меѓусебната веќе блиска соработка, и дополнително придонесува кон развојот на пријателските и добрососедските односи меѓу двете земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети: Македонските, албанските и српските криминалци соработуваат,…

Криминалот не познава етнички граници, додека политичарите…

ПРЕКИН НА КЛУЧЕН ПОДМОРСКИ ИНТЕРНЕТ-КАБЕЛ: Пакистан се…

Сериозни нарушувања во интернет-комуникациите се пријавени во…

Се запалиле бандери за електрична енергија во…

Скопските пожарникари вечерва имале полни раце работа.…

Горело патничко возило, ЦУК се огласи за…

Пожар избувнал вечерва во подземниот паркинг на…

ГОЛЕМ ПРЕКИН НА ИНТЕРНЕТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Проблеми…

Голем прекин на интернет-услугите вечерва, 18 ноември,…