Гутереш: Мораме да работиме заедно за да го забавиме глобалното затоплување

t

Мораме да работиме заедно за да го забавиме глобалното затоплување, судбината на планетата зависи од нашата активност или пасивност, изјави генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, на состанокот на Г20, на кој се собираат најразвиените земји од светот во Индонезија

Во својот говор Гутереш предложи да се воспостави Пакт за климатска солидарност, според кој развиените економии ќе вложат дополнителни напори да го ограничат растот на глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови.

Преку Пактот, развиените економии финансиски и технолошки ќе им помогнат на земјите со растечки економии брзо да се префрлат на обновливи извори на енергија.

Активноста или неактивноста на Г20 ќе одлучи дали секој член на нашето семејство ќе има можност да живее мирен и одржлив живот, на здрава планета, предупреди Гутереш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес со магнитуда од 5,0 степени во…

Земјотрес со пријавена магнитуда од 5,0 степени…

Масовни протести во Франција, запален и еден…

Судири избувнаа меѓу демонстрантите и полицијата во…

Арагчи ја предупреди Европа на „разорен удар“…

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, предупреди…

ФИЛИПЧЕ РЕШИ ДА СЕ ПРЕСМЕТА И СО…

За Платформата Бихаќка тврди дека подготвува нова…

МВР со детали за тепачката меѓу навивачите…

Според информациите од МВР, помала група припадници…