СРБИТЕ НЕ ПОПУШТААТ: Нема да учествуваат на вонредните локални избори во српските општини во Косово!
Српската листа соопшти дека нема да учествува на вонредните избори на 18 декември за градоначалници на општините Северна Митровица, Зубин Поток, Лепосавиќ и Звечан во Косово, објавија денеска локалните медиуми.
„Со оглед на одлуката на Приштина за одржување вонредни локални избори на северот на Косово и Метохија, би сакале да ја информираме јавноста дека на овие избори нема да учествува Српската листа, ниту граѓаните кои ја поддржуваат нашата партија, од кои над 95 отсто се на овие простори“, вели тој.во соопштението на Српската листа.
Косовската претседателка Вјоса Османи синоќа соопшти дека по консултации со политичките партии и Централната изборна комисија го одредила 18 декември како датум за вонредни избори за градоначалници на општините Северна Митровица, Зубин Поток, Лепосавиќ и Звечан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…