Легнуваме и не знаеме дали ќе се разбудиме, велат срцево болни пациенти: Министерот за здравство не можеше да не прими

t

Лицата со механичка потпора на срцето се плашат за своите животи. Станува збор за пациенти чии срца не можат самостојно да работат, па мора во своите тела да носат еден вид пумпи на батерии или струја кои ја циркулираат крвта. Но, овие уреди имаат рок на траење од пет години. На десетина лица тој рок веќе им истекува, но од државата сè уште немаат најава дека ќе бидат повикани да добијат трансплантирано срце од починат донор. Во последните три години поради негрижата на надлежните починале десеттина вакви пациенти, велат од Здружението Храбро срце.

„Има пациенти кои ги носат пумпите и по четири години, а гаранцијата за ваква пумпа од самиот производител е до пет години… Знаеме дека ќе легнеме, а не знаеме дали ќе се разбудиме“, рече Васко Јолески, претседател на здружение „Храбро срце“ за Алсат.

Иако неколку пати барале средба од министерот за здравство, тоа до сега не се случило.

„Имавме две средби закажани. Јас се појавив на лице место во најголемата ковид-криза, но за жал министерот не можеше да нè прими… Најчесто оние со кои се збогувавме, пациенти со механичка потпора, не умираат од проблем од срцето, туку од компликации со изливи во мозокот, поради коагулацијата на крвта која се создава од самата пумпа“, додава Јолески.

Во Македонија во моментов има 20-тина лица со механичка потпора на срцето, од кои половината се млади луѓе. За разлика од овде, во странство, велат од здружението овие лица имаат приоритет при трансплантација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изнемоштените и болните до полноќ можат да…

Изнемоштените и болните лица до полноќ можат…

Доктор Ацо ни го лекуваше целото семејство:…

Вчера во попладневните часови со неколку убодни…

Меџити: Воспоставивме електронска платформа за користење светски…

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска…

МЗ: Над 50 илјади граѓани примиле вакцина…

Министерството за здравство информира дека над 50…

Судска медицина ќе ја утврдува причината за…

 Министерството за здравство во врска со смртниот…