“Шегобиецот” Славевски со “лекција”за човековата еволуција: Жените гледаат 180 степени, мажите имаат тунелски поглед
Претседавачот со Советот на Град Скопје денеска не граба микрофони и е во добро расположение, дури се шегува дека жените гледаат подобро од мажите, а објасни и за човековата историја и еволуција.
Жените гледаат 180 степени, ние тунелски, така се развивало човековото око пред милион години кога сме живееле во пештери, рече денеска Славевски откако не забележа дека има пријавени за збор по однос на една од точките за кои се расправаше.
Откако член на Советот му посочи дека ставот со различниот “поглед” на жените и мажите е дискриминација, Славевски рече дека советникот не ја читал “Мажите се од Марс, жените се од Венера” и ја објасни еволуцијата на човекот, зошто жените забележуваат детали, а мажите не.
Погледнете го видеото во продолжение: