Траги-комедија – Лукаревска: СДСМ е на победничките патеки, нашата грижа за граѓаните е постојана
Граѓаните ги препознаваат успешните и ефикасни политики на СДСМ, затоа СДСМ денес е повторно на победничките патеки, а најдобар доказ за тоа е убедливата победа пред само два месеци, овде во Маврово и Ростуше, порача заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска на трибината „Силно и одлучно кон иднината“.
„СДСМ 31 година е на вистинската страна на страната на граѓаните, на страната на државните интереси. Така е и денес кога со одговорните политики кончено ги започнавме проговорите со ЕУ, но и кога со навремени и ефикасни мерки им помагаме на граѓаните и компаниите во време на најголема светска економска и енергетска криза.“ истакна Лукаревска.
Заменик претседателката посочи дека во последните неколку месеци над 750 милиони се одвоени за поддршка на граѓаните и компаниите за справување со последиците од кризата.
„Таа помош е постојана и продолжува низ различни форми. Обезбедивме фиксна цена на електричната енергија која е двојно помала од актуелната пазарна цена за училиштата, болниците, но и за производителите на основните прехранбени производи. Веќе гледаме дека има намалување на некои производи, а се очекува дека во периодот пред нас цените на лебот, на млекото и млечните производи, на месото и зејтинот ќе се намалат и за 10 отсто, што ќе значи помали трошоци за семејствата.“ порача Лукаревска.
Осврнувајќи се на дејствувањето на опозицијата, Лукаревска истакна дека очигледна е разликата помеѓу одговорниот и државнички пристап на СДСМ и деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кои стануваат заложници на Левица и затоа стануваат се поекстремни во блокадите и обидите да го попречат напредокот на евроинтеграциите на државата, велат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев соработуваа со луѓе…
Венко Филипче и Зоран Заев, по нивниот…
Петров: Изборот на Филипче за претседател на…
Поранешниот член на СДСМ, Андреј Петров, во…
ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, па продолжи…
Падот почна од СДС, Венко Филипче и…
Фала на поддршката ама и вие и…
Српски студент како глас на српските стденти…
Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…
Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…