Колатерална штета: Молдавија остана без струја по денешните руски напади во Украина
Молдавија денеска пријави „недостиг на струја на цела своја територија” откако во руските воени напади врз украинската енергетска инфраструктура беше урнат клучниот далновод што ја снабдува со електрична енергија, изјави министерот за инфраструктура Андреј Спину.
„По руското бомбардирање на украинскиот енергетски систем , исклучен е еден од далноводите што ја снабдуваше нашата земја со електрична енергија“, рече Спину.
Министерот кажа дека тоа довело до големи прекини на електричната енергија низ целата земја, додавајќи дека далноводите „не биле оштетени, туку автоматски биле исклучени од безбедносни причини” и дека добавувачот „Молделектрика” работи на поправките.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…