(Видео) Се манипулира со патриотските чувства на членството на ВМРО-ДПМНЕ: Се вршат притисоци врз советници кои размислуваат различно!

t

Во денешната епизода на Тешки муабети специјална гостинка е советничката која ја напушти коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Градот Скопје, Ирена Попова, односно Ирена Витина, која објасни зошто ја напушти коалицијата и која е позадината на оваа одлука која ја донела советничката.

– Во јавноста се појавија многу навреди, клевети, шпекулации. Ова што се случува кулминација на се што се случуваше досега и моите реакции на однесувањето на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Ние ја поддржуваме програмата “За Модерно Скопје”, јас сум искрена, членовите ме познаваат, јас сум член на ВМРО-ДПМНЕ, ажуриран член од малкуте во Центар, активен член кој на секој протест е во првите редови.

Во претходниот состав се согласивме како советничка група нашите ставови кои ќе ги пренесеме во Град Скопје да ги пренесеме со гласање, иако имаше несогласувања, а на Совет настапуваме со заеднички став, а сме барале и совет од повисокото раководство на партијата.

Сега на овој Совет одам и добивам насока да гласам против програми на училишта, а јас 23 години работам во училиште, насоката ја добивам од координаторот на групата, а таа вели ѝ ја дале насоката “од горе”.

Ако не ја гласаме на Советот програмата ние треба да најдеме забелешки, да ја дадеме на директорите, тие да направат корекции и да ни ја вратат. Јас укажав на ова и нема разбирање.

Аргументот е дека директорите не се тие што треба да бидат директори, јас сум член на партијата, сум била директор, до 16 часот сум била директор после тоа мое право е каде одам, јас не сум ја мешала политиката со работата.

Седум години сум била директор, јас сама си поднесов оставка кога станав советник, работев професионално. Директорите не изработуваат сами програми туку со стручен тим, јас не можам да ги казнам учениците и матурантите да не одат на екскурзија оти на некој не у се допаѓал директорот, вели Витина.

Таа додава дека раководството манипулира со патриотските чувства на членството кое не е запознаено со случувањата внатре во советничката група.

– Дел од светниците мојата сугестија ја прифатија но се под голем притисок на овие кои ги издаваат насоките. Ниеднаш во овие 10 месеци не сме гласале како размислуваме за оваа одлука како ќе настапиме, ако не се согласуваш со нив не си вмровец. Си играат и со патриотските чувства на членството, членството не е внатре во советничката група да знае што се случува, тие кои ја имаат одговорноста се служат со лаги и манипулации, а не е случајно ни ова што се случува со Данела. Ние ја поддржавме пред 10 месеци, тогаш бевме победници, денес сме опструктори, додава Витина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…

Во два наврата претходно за време на…

СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците

Првиот амандман, кој имаше за цел да…

Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…

Долг на фирма не е кривично дело,…

„И лавот му рече на орелот мјау“:…

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…

(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…

Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…