(Видео) Витина: Наместо тркачи со медали во ВМРО-ДПМНЕ водат за рака непроодени деца – Многу добро си се штитаат со ДУИ, внимавајте да не ве изгорат!

t

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ дали смеат или не смеат да имаат став за промената на името е едно прашање, тие имаат став, тие се Македонци и државата им е Македонија, сите останати се лица заинтересирани за одредени позиции и тоа што го носат во себе, верувам дека го носат, освен тие кои се донесени за рака од некаде без трошка искуство…

Ова го изјави советничката која ја напушти советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Градот Скопје, Ирена Витина, во денешната епизода на Тешки муабети,

– Јас сум отворен лик за нови лица, јас сум истрошен лик, стар во партијата, ама кога ќе ги донесат јас треба да знастанам, да онемам кога ќе застанам пред него, а не на спортист кој освоил медали на 100 метри да се стават во публика, а да се донесат непроодени деца на нивно место.

Нив им е битно да водат некој за рака, не некој да трча сам.

Јас еве дискутирам за факти кои сум ги дознала од мои избори, после ми се јавуваат да не ја чепкам, маж ѝ е од ДУИ, а таа ми е пријателка.

Почитувани членови, многу добро си се штитат едни меѓу други, почитувани членови на надзорни и управни одбори, ве замолувам да не ве изгорат, никој нема да застане позади вас, работете си по закон и процедури, не слушајте слепо насоки, консултирајте се пред да донесете одлука, многу лица изгореа, немојте и вие, апелира Витина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Брлогот открива уште една агенција за обезбедување…

Благојчо Георгиевски бара од Министерството за внатрешни…

Нови кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ

Во Штип вечерва, ВМРО-ДПМНЕ го одржа своето…

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ „контра премиерот“ и програмата:…

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една…

(Видео) Мицкоски го знаел Нацев „само од…

Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во владата,…

СДСМ: „Журка со факли среде жалост: Како…

Додека цела Македонија тагува по трагедијата во…