(Видео) Витина: Ми замерија дека јавно кажав дека ќе го бојкотирам референдумот за промена на името пред партијата да донесе одлука!

t

Во денешната епизода на Тешки муабети, Ирена Витина, советничката која ја напушти коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Градот Скопје, објасни дека шиканирањето и линчот кон неа не е од сега туку од многу порано.

– Шиканирањето започна во периодот пред референдумот. Во тој период бев потсекретар во секретаријатот на партијата од каде бев отстранета како бојкотирач.

Јас јавно пред партијата да одлучи како ќе настапи, на Фејсбук напишав дека нема да гласам на референдум, односно ќе бојкотирам. Е после ми рекоа дека не сум ја чекала партиската одлука која не беше ни одлука туку рекоа дека секој може да си постапи според сопствено убедување.

После бев тргната од секретаријатот без објаснување, вели Витина.

– Во периодот во кој никој не сакаше ни да влезе во штабот јас секојдневно бев храбра, бев активна со прес-конференции. После почнаа да нарачуваат разни објави и да ме носат таму каде што никогаш не сум била, во Будимпешта, додава таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ