Москва ги идентификуваше остатоците од ракетите во Полска, станува збор за украински С-300
Министерството за одбрана на Русија издаде соопштение во кое остро негира каква било вмешаност во експлозијата во Полска, во која загинаа две лица.
Фотографиите од остатоците пронајдени во градот Пржеводов, кои циркулираа синоќа во Полска, се идентификувани од руските воени специјалисти како елементи на противвоздушната ракета С-300 на украинската армија“, соопшти руското Министерство за одбрана, пренесе ТАСС.
Министерството соопшти дека вчерашните руски ракетни напади врз Украина биле насочени кон цели лоцирани на најмалку 35 километри од полската граница.
Сакаме да нагласиме дека ракетните напади беа извршени само на територијата на Украина и на оддалеченост не поблиску од 35 километри од полско-украинската граница, изјави портпаролот на Министерството за одбрана, генерал-полковник Игор Конашенков.
– Изјавите на различни украински извори и странски претставници за наводни „руски проектили“ кои паднале во населбата Пжеводув се намерна провокација со цел ескалација на ситуацијата, рече тој. – На 15 ноември, руските вооружени сили извршија масивни воздушни и морски напади со прецизно оружје со долг дострел против воениот контролен систем на Украина и соодветните енергетски објекти, рече Конашенков, додавајќи дека вчера не биле гаѓани цели во Киев.
Руските тврдења не можат да бидат проверени од независни извори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Граната од Првата светска војна пронајдена во…
На 17.08.2026 во 10:20 часот во Полициското…
ФФМ ја откажува поддршката за Џани Инфантино
Фудбалската федерација на Македонија откако претходно изрази…
(Видео) Огнената линија е долга 20 километри:…
Поради силен ветер, пожарот во прилепскиот дел…
Словенија ќе набави 3.000 ракети земја-воздух
Словенечкото Министерство за одбрана објави јавен тендер…
Тлото не престанува да се тресе: Серија…
Серија земјотреси денеска ја потресе Гранада во…