Соседот не се шегува: Бугарија го свикува Советот за безбедност поради состајбата во Полска

t

Бугарскиот премиер Гулаб Донев најави дека ќе го свика Советот за безбедност на преодната влада, јави дописникот на МИА од Софија.

Бугарскиот совет ќе расправа за заканите од ескалација на конфликтот во Украина, откако Полска беше погодена од ракета во вторникот, при што загинаа двајца нејзини граѓани.

Средбата во Софија ќе се одржи по состанокот на НАТО што го побара Варшава, на кој треба да се разговара за активирање на членот 4 од Договорот на Алијансата.

Според бугарскиот премиер, треба да има цврста основа за тоа што ќе се каже и одлучувањето мора да се заснова на факти. Тој смета дека секој непромислен збор носи ризик од ескалација на конфликтот и убивање невини луѓе.

Според Донев, секој неизмерен збор носи ризик од ескалација на конфликтот и убивање невини луѓе.

Денеска ќе има состанок на двете парламентарни комисии за надворешни работи и одбрана на бугарскиот парламент, на кој ќе присуствуваат вршителите на должноста министри за надворешни работи Николај Милков и за одбрана Димитар Стојанов, како и раководителите на бугарските специјални служби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Метеорит од Марс откри траги од древна…

Меѓународен тим научници можеби се приближил еден…

Тошковски: 25 години ЕБР – четврт век…

Единицата за брзо распоредување (ЕБР) денеска во…

(Видео) Ангелов: Ова е еден од најтешките…

Повеќе од 15 пожари на отворен простор…

Украина отвора 100.000 работни места за ветераните…

Украинската влада подготвува нова програма за отворање…

Сателитски податоци откриваат масовно ширење на алгите…

Глобалните океани влегуваат во фаза на брзо…