Меси: Не верувам дека ќе играм уште долго време

t

Напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси проговори за можен крај на својата играчка кариера.

– Ја сакам оваа игра, имам големо задоволство од неа. Единственото нешто што го правам цел живот е да играм фудбал. Мислам дека по крајот на кариерата мојот живот ќе биде поврзан со овој спорт. Кога ќе заминам? Сè уште не знам, но веројатно нема да играм долго време, изјави 35-годишниот фудбалер за „Мундо Депортиво“.

Актуелниот договор на Аргентинецот со ПСЖ е до летото 2023 година.

Меси е шампион на Франција и 10-кратен шампион на Шпанија, четири пати ја освои Лигата на шампионите. Тој е седумкратен освојувач на Златната топка и шесткратен добитник на Златната копачка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прилеп добива над 9,5 милиони евра за…

Нови улици, водоводна и канализациска мрежа, социјални…

ВЛЕН: За 14 изгубени животи не смее…

Соопштение на ВЛЕН Свесното жртвување на обвинението…

Прекината епидемијата во Гостивар – нема нови…

По периодот на зголемен број стомачни тегоби…

Како грчките земјоделци молзеле средствата од Европа…

Неодамнешните скандали со земјоделските производи ја натераа…

Тепачка во угостителски објект во Тетово –…

МВР информира дека рано утринава околу 02:00…